Радовишани
на достоинствен начин во духот на вистински православни христијани вчера
и денеска го одбележаа празникот
посветен на Свети Спасо Радовишки заштитник на
градот Радовиш. Духовниот дел за празнувањето на Св. Спасо Радовишки започна вчера со вечерна богослужба во црковниот храм Света Троица, со која чиноначалствуваа Неговото правосвештенство
Митрополитот Брегалнички Г-дин Иларион, Викарскиот струмички епископ
Г-дин Јаков Стобиски,
и
свештеници од Брегалничката епархија.
По вечерната богослужба со иконата на Светиот маченик Спасо
Радовишки беше организирана
и голема вечерна литија од храмот Св. „Троица“ до параклисот посветен на „Св. маченик Спасо Радовишки“, на истоимениот градски плоштад во Радовиш, каде што се одржа молебен.
На вечерната литургија и литијата на плоштадот присуствуваа голем број
верници, граѓани на Радовиш како и Градоначалникот Герасим Конзулов, Претседателот на Советот Коле Чаракчиев, пратеничката Милевка Ѓоргиева, извршниот директор на
Рудникот Бучим Николајчо Николов, а присуствуваше и делегација од збратимена општина Тетевен од
Република Бугарија.
По
завршувањето на молебенот во 20.30 часот,
во дворот на Црковниот храм Света Троица се одржа Духовна академија од Црковниот машки хор,
Црковниот хор Свети Спасо Радовишки а
свој настап имаше и кантавторот Јовица
Илиќ .
Празнувањето на заштитникот на градот Радовиш „Св. Спасо Радовишки„ продолжи и денеска во храмот „Св. Троица“ со Божествена Литургија со која чиноначалствуваа тројцата владики Митрополитот Брегалнички Г-дин Иларион, Викарскиот струмички епископ Г-дин Јаков Стобиски, митрополит Тетовско-Гостиварски Јосиф и свештеници од Брегалничката епархија.
По Литургијата беше организиран
празничен ручек за сите верници во манастирот свети „Георгиј“ во Ораовица.
По духовната продолжува и вечерната културно забавна програма почнувајќи од 19:30 час. со отворање на ликовната изложба од Меѓународната ликовна колонија „Св.Ѓеоргија 2019“ и со фестивалот на староградски песни „Саноќ седам“ на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ со почеток во 20:30 часот.
И Овогодишното чествување на празникот „Св. Спасо Радовишки е во организација на Македонската православна цркава Општина Радовиш и центарот за култура Ацо караманов.