Од утре започнува чествувањето на Свети Спасо Радовишки заштитник на Градот Радовиш

Православната црква од Радовиш  подготвена за што подостојно чествување на Свето Спасо Радовишки заштитник на Градот Радовиш, кој годинава се одбележува по 11 пат.

По тој повод е предвидена богата духовна програма.  Чествувањето започнува на 20 август вторник од 18 часот со Света божествена литургија, во сослужение на владиката Брегалнички Господин Иларион и голем број свештени лица од Брегалничката епархија. Потоа литија до плоштадот на Радовиш каде се чита Молебен. Потоа поворката пак се враќа во црковниот храм Света Троица, каде ќе се одржи духовен концерт.

Во Среда на 21 август ќе се одржи утринска божествена литургија, а ќе биде организиран и заеднички ручек, за сите присутни на литургијата, на Манастирскиот комплекс Свети Ѓеоргиј во Ораовица.

Светителот Спасо кој е по потекло од Радовишкиот крај го загубил животот во тешки маки во 1794 година. По што малку подоцна е прогласен за Светец, поради неговата голема њубов и пожрвуваност кон Господ Исус Христос.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago