Детали за извршеното убиство, кога лицето беше пронајдено во водите на браната Турија

СВР Струмица до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против М.В (54) од с.Добрејци, поради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело   “Убиство “,  извршено од користољубие на подмолен начин врз А.М (62) од Струмица.

 На 13.10.2018 во СВР Струмица,  од страна на роднина  на А.М пријавено е дека  на лицето му се губи  трага. Од страна на СВР-Струмица во координација со јавен обвинител преземени се низа оперативно-тактички мерки и активности.

-Утврдено е дека на 09.10.2018, покојниот АМ. остварил телефонски контакт со пријавениот, по што се сретнале  и заедно отишле во адвокатска канцеларија  во Струмица, каде бил изготвен писмен меѓусебен договор за купопродажба на недвижен имот помеѓу АМ како продавач и пријавениот како купувач,  за цена од 18.200 евра. Договорената сума на пари за купопродажба на имотот не била исплатена во адвокатската канцеларија, а  од страна на адвокатот пријавениот бил предупреден дека треба парите да ги исплати на трансакциска сметка.

На 09.10.2018, пријавениот го извршил убиството врз А.М. во неговиот деловен објект во с.Добрејци, каде го има повикано со изговор да му ги исплати парите за купената деловна просторија, така што го застрелал со огнено оружје со калибар 5,6 мм, а потоа го ставил телото во метален камионски резервоар за гориво, и го потопил во водите на брана Турија на место викано “Рајанци“.

На 05.08.2019 околу 15.00 часот, на брана „Турија“ кај место викано “Рајанци“ пронајден е метален камионски резервоар за гориво  со машки труп во него. Од извршената обдукција во Судска медицина Скопје утврдено е дека пронајдениот машки труп е А. М.. При обдукцијата бил изваден проектилот со кој бил застрелан  при што е  утврдено дека се работи за проектил со калибар 5,6 мм, исто како во случајот со претходно убиство на Р.И. од Струмица, чие тело беше пронајдено исто така во водите на брана Турија во непосредна близина на местото каде е пронајден А.М., за што СВР Струмица веќе поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица поради основано соменавање дека пријавениот сторил кривично дело „убиство“ рече Портпаролот на СВР Струмица Хризантема Рендевска.

По наредба на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица пријавениот се наоѓа во притвор поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело “Убиство“ по чл.123 од КЗ.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago