Нови современи услови за згрижување на дечињата во детската градинка Ацо Караманов, Радовиш

Активно се работи на подобрување на условите за престој на дечињата во детската градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш, пред почетокот на новата воспитна година.  Објектот Управна зграда ќе добие подновени простории, а во објектот детско Изворче после долги  години партерно се уреди дворната површина.   

За реализација на овие активности потрошени се околу 1 милион и 800 илјади денари, средства наменски издвоени од сопствениот буџет на градинката рече директорката Љупка Тренчева во интервју за Телевизија Кобра.   

Доколку потраат  работните активности, директорката  ЉупкаТренечева вели дека родителите навреме ќе бидат информирани, кога ќе започне новата воспитна година. Засега дечињата  и вработените привремено се префрлени  во објектот Цветови. Инаку уписот на дечиња сеуште е во тек, а новата воспитна година ќе ја започнат околу 700 дечиња.

Годинава беше решен и проблемот со потребниот персонал во детската градинка Ацо Караманов  при што беа остварени  триесетина вработувања, а вработените во градинките добија и значително зголемување на платите.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago