Заврши традиционалниот турнир „Тополница-2019“

Под покровителство на општина Радовиш, во изминатете две недели беше одржан Традиционалниот турнир во мал фудбал „Тополница 2019“, кој секоја година се организира по повод празникот Курбан бајрам.

Вчера најпрвин беше одигран натпреварот за трето и четврто место каде што се сретнаа екипите „Гама Градба“ и „Бако Транс“. Подобра беше екипата на „Бако Транс“ кој после продолженијата успеа да го освои третото место со резултат 6-5.

Пред почетокот на финалето беше одигран ревијален натпревар помеѓу екипите на ФК Картал од Тополница и ФК Бунарџик од Бучим, подобра беше екипата на ФК Картал која забележа победа со резултат 3-2.

Во финалето од овогодишниот турнир во мал фудбал „Тополница 2019“, посетителите можеа да проследат еден прекрасен натпревар помеѓу екипите на „Атеш Оглу“ од Тополница и екипата на „Он Бак“ од Неготино.

Подобра во финалниот натпревар беше екипата на „Атеш Оглу“ од Тополница, која постигна три погодоци.

Од страна на организаторот беа доделени наградите за најуспешните екипи, а исто така беа доделени и други награди: Најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Мартин Ташев од екипата на „Бако Транс“ од Штип, Играч на турнирот беше прогласен Горан Кочевски од „Атеш Оглу“ од Тополница, за најдобар голман беше прогласен Винето Шабанов од „Он Бак“ од Неготино.

Овој традиционален турнир „Тополница 2019“ беше под покровителство на општина Радовиш, а организиран од ФК Бучим и ФК Картал од Тополница.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago