Categories: Македонија

18 години од масакрот кај Карпалак

Денеска, се навршуваат 18 години од масакрот кај Карпалак во кој животот го загубија десетмина прилепски бранители од резервниот состав на касарната „Мирче Ацев“.Национален координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов оддаде почит и положи цвеќе на споменикот Карпалак во чест на загинатите припадници на безбедносните служби во конфликтот од 2001 година кои ги изгубија своите животи во одбрана на државата.

Згаснаа животите на млади луѓе – Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, кои заминаа да го бранат територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија во тогашната „воена криза“. Најмладиот меѓу нив имаше само 20 години.

Овој ден длабоко е врежан во новата историја на Прилеп, но сѐ уште и по толку години со сигурност ништо не се знае за овој трагичен настан, и покрај апелите на преживеаните од Карпалак да се открие вистината.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago