Одржан турнирот во мал фудбал „Ораовица 2019“, Општина Радовиш

Во организација на ФК Изведен, изминативе две недели по четврти пат се одржа Турнирот во мал фудбал „Ораовица 2019“под покровителство на Општина Радовиш.

На турнирот учествуваа вкупно 24 екипи поделени во 2 категории: 19 екипи во категоријата Сениори и 5 екипи во категоријата Јуниори. На финалните натпревари кои беа одиграни во ноќни часови, беа постигнати следните резултати: 
Категорија ЈУНИОРИ: Прво место – ТЕРМОИНГ, Второ место – ВАЛЕНТИНА 2009 и Трето место – ЗАВАРУВАЧ ИКО 


Категорија СЕНИОРИ: Прво место – ЗЛАТНО ЗРНО, Второ место – ДИЈАСПОРА ОРАОВИЦА и Трето место – КЛИМИ МК.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Зоран Левевски од екипата на Златко Зрно. Најдобар голман беше прогласен Мирко Соколов од екипата на Клими МК и најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Дарко Коцев од екипата на Дијаспора Ораовица. Пехарите, медалите и вредносните ваучери на најуспешните екипи ги додели градоначалникот на Општина Радовиш, Герасим Конзулов, Енис Омер – претставник од Советот на Општина Радовиш и Ристо Спасов – претседател на Комисијата за култура, образование и спорт при Советот на Општина Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago