Вчера во 18:50 часот на магистрален пат А-4 Радовиш-Штип се случила сообракајна незгода

Во истата учествувале четири патнички моторни возила, кои се движеле во ист правец информира СВР Струмица. Во несреќата биле вклучени возило  „Фиат Добло“ со струмички регистерски ознаки, управувано од Г.В (47) од Струмица, возило „БМВ-Х5“ со италијански регистерски ознаки, управувано од П.Ш (59) од Италија, возило „Шкода фелиција“ со струмички регистерски ознаки, управувано од В.М (60) од село Василево и возило  „Голф“ со струмички регистерски ознаки, управувано од М.И (25) од Струмица.  Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Џ.Р (51), која била сопатник во возилото „Голф“, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Радовиш. 

истиот ден во времето од 15:00 до 20:00 часот на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контрола со цел откривање на возачи кои вршат неправилно престигнување и обиколување. Во акцијата се констатирани 11 прекршока, кои се соодветно санкционирани.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago