Categories: Македонија

Премиерот Заев и премиерот Борисов одадоа почит и положија венци на вечното почивалиште на Гоце Делчев

Бугарскиот премиер Бојко Борисов и македонскиот премиер Зоран Заев денеска се поклонија и  положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев  во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Борисов престојува во Македонија по повод заедничкото одбележување на двегодишнината од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка склучен меѓу двете земји. Тој и неговиот домаќин, македонскиот премиер Зоран Заев, претходно одржаа заедничка прес конференција, на која се осврнаа и на жолчната дебата – чиј е Гоце Делчев. Борисов истакна дека е време да завршат конфликтните теми поврзани со историјата, дека се надева оти историчарите ќе вложат огромни напори за правилно да се решат историските прашања.

Премиерот Заев и премиерот Борисов одадоа почит и  положија венци на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

Во склоп на оваа посета, премиерите на двете држави, е предвидено да положат цвеќе на споменикот на полковникот Константин Каварналиев во Дојран.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago