Високи резултати на Боречкиот клуб Бучим од Радовиш на
одржаниот Меѓународен турнир во борење во Јалова Република Турција. Екипата од девет борачи, се врати со девет
освоени медали, од кои еден златен, за освоено прво место. Градоначалникот на
Општина Радовиш Герасим Конзулов по тој повод изврши прием на борачите и и
раководството на Боречкиот клуб Бучим и притоа им се заблагодари за
постигнатите резултати и за успешното претставување на Радовиш. Од Боречкиот
клуб му врачија благодарница на градоначалникот Конзулов, за досегашната
подршка како и дрес од Боречкиот клуб Бучим кој градоначалникот со задоволство
го прифати.
Тој ги потсети борачите дека некогаш Бучим бил европски и
светски првак и гордост на Радовиш.
Градоначалникот Конзулов
упати апел до младите борачи да ги пренесуваат позитивните искуства од другите
држави, како во борењето така и во зачувувањето на животната средина. Во
конкуранција од 120 борачи, од 16 различни екипи
од повеќе држави, како што се: Шпанија, Косово, Молдавија и повеќе екипи од
Бугарија и Турција
9-те борачи од БК Бучим се вратија со девет медали рече тренерот Горан
Атанасов.
Претседателот на БК Бучим Владо Лазаров спомна дека
покрај момчиња во клубот тренираат и девојчиња и се доста успешни.
За овие две години се формирани и две школи со борачи од
Воиславци и Подареш кои успешно функционираат а во клубот се вклучени и
девојчиња.
Златниот медал на меѓународниот турнир во Турција го
освои Михајло Илиев, Два сребрени медали освоија Мехмед Усеинов и Илија
Атанасов, и со пет бронзени медали се
закитија Ѓорги Ѓоргиев, Гоше Павлов, Стефан Митев, Мартин Иванов, Зорица
Јованова и Христина Ѓоргиева.Турнирот се одржа на 26 и 27 јули во Јалова
република Турција.