Се преземаат превентивни мерки за заштита од појава на Африканска чума

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска преку  прес конференција ја извести јавноста дека заради превенција од појава на „Африканска чума“ издадено е  Решение за предвремено отпочнување на ловната сезона на лов на  дивеч под заштита.

Како што информираше Димковски, практично ловната сезона ќе отпочне  два месеци порано од законски предвидената.

„Целта е со намалување на густината на популациите на дивата свиња во Република Северна Македонија, да се намалат и шансите за појава и ширење на оваа заразна болест.Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до Владата ќе предложи и усвојување друг сет на мерки, како што сe :

  • Забрана на населување на дивата свиња во ловиштата согласно на планските документи и развојните програми и
  • Забрана на зимската прихрана на дивата свиња во ловиштата согласно на планските документи и развојните програми.-истакна Димковски

Претседателот на Ловечкта федерација, Влатко Алексовски, апелираше до сите ловци, ловни друштва и концесионери да се вклучат во реализацијата на превентивните мерки кои се спроведуваат се со цел заштита од појава на болеста „свинска чума“

Според проценките во земјва има околу 8.000 диви свињи, рамномерно распространети низ целата територија на државата.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago