Министерството за транспорт и врски и АД за стопанисување со станбен и деловен простор, работат на обезбедување на услови за изградба на социјални
станбени објекти во Гевгелија, Виница, Пехчево, Свети Николе, Дебар, Велес и
Бутел во Скопје.
„Владата е максимално фокусирана на решавање на статусот на социјално
загрозените лица на кои по разни основи не им е решено станбеното прашање.
Нашата цел е да им овозможиме кров над глава, сигурност и подобри услови за
живот на најранливите категории на граѓани“, истакна министерот за транспорт и
врски, Горан Сугарески при означувањето на почетокот на изградбата на станбена
зграда во Неготино.
До сега се изградени
вкупно 164 станови и тоа
во Кочани, Македонски Брод и Струмица, а во завршна фаза е зградата во Гостивар,
нагласи министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Ваквите политики за згрижување на најранливите категории на граѓани спомна Сугарески, ќе продолжат и во наредниот
период преку реализација на Програмата за изградба на социјални станови во
различни градови низ државата.
Според директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен
простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски, заедно со
Министерството за транспорт и врски работат на обезбедување на услови за
изградба на уште 10 други социјални згради на различни локации низ државата,
меѓу кои и во Гевгелија.
Нивната изградба се очекува да отпочне до ноември оваа година.