Околу 130 основци се примени во прва година во СОУ Коста
Сусинов во Радовиш во првиот уписен рок, што е речиси иста бројка како и лани.
остануваат уште околу 170 слободни места во гимназија и стручно за кои ќе можат да се пријавуваат учениците
кои сеуште не се запишале во августовскиот уписен рок.
Истовремено во
овој период заврши и полагањето на матура во првиот јунски рок. Во наредните
денови се очекуваат и резултатите.
Министерството за образование и
наука ги сумираше резултатите од полагањето на државна матура на
средношколците, матуранти, што ќе бидат
објавени во училиштата. На денешната прес конференција во Влада, министерот за
образование и наука, Арбер Адеми
рече дека резултатите се подобри од оние од минатите години.
„Просечната оценка е 3.47,
додека пак лани била 3.42. Англиски јазик е изборниот предмет кој е најмногу
избран од учениците, од вкупно 14.103 ученици. Подобрувања има по предметите
македонски јазик и литература, албански јазик, англиски јазик и математика,
предмет кој имал најдобри резултати во последни 3 години.
Послаби резултати од минатата
година има по предметите историја, биологија, бизнис и турски јазик“, изјави
Адеми.
Учениците кои не го
положиле државниот испит можат да достават приговори уште утре, на 5 јули.во СОУ Коста Сусинов започна и летниот одмор но сепак
училиштето не е затворено и има дежурни служби.