Connect with us

Радовиш

Радвиш загуби двајца големи алпинисти и спортисти, еден од нив, наш поранешен колега Зоран Мајсторки

Avatar

Published

на

Радовиш денеска загуби професионален алпинист, познат по своите успеси на домашно и меѓународно ниво, во несреќен случај на својата последна работна задача, чистење на силоси во рудникот Бучим, заедно со уште едно младо момче, негов колега.

Еден од најдобрите сниматели и фотографи во Радовиш, голем пријател, граѓански активист, спортист и пред се храбар човек кој постигнуваше големи успеси, поранешен снимател во Телевизија Кобра, наш колега Zoran Majstorski. РТВ Кобра изразува длабоко сочувство до неговото семејство и семејството на неговиот пријател.

Дваесет години работеше како снимател во Регионална телевизија Кобра и локалната ЕМИ телевизија.  Од него има направено безброј професионални видеа и фотографии во архивата на телевизја Кобра. Последното негово ангажирање во ТВ Кобра беше токму вчера на снимањето на Дебатната емисија со кандидатите за градоначалници на Општина Радовиш. Мајсторски вчера ги направи и последните фотографи со својот телефон во студиото на РТВ Кобра, Радовиш, токму од позади камерата, со која секогаш со голема љубов работеше.

Мајсторски е планинар е од својата 12 година, како што самиот знаеше да каже, прв пат тоа се случило кога избегал од часови од училиште.  Со алпинизам се занимава  од 1993, се искачил на највисоките европски врвови, а во последните неколку години и егзистенцијата ја обезбедуваше од висинска работа – со чистење на високи фабрички оџаци, круни на брани, силоси, во Македонија, но и во Србија, Бугарија, Косово, Црна Гора.

Од ова добро заработувам за живот за себе и за семејството, сопругата и двата сина“ често знаеше да каже 44 годишниот наш пријател, Зоран Мајсторски. Токму една таква работа која денеска ја извршуваше беше кобна по неговиот живот и живот на неговиот колега.

Јажето и алпинизмот кој му беа хоби, во последните неколку години му беа  животна егзистенција. Изведуваше работи на солитери, на високи фабрички оџаци и друга висинска работа во Македонија и во соседните земји.

 „Сега комплетно му се посветив на јажето. И како алпинист и како професија, но од камерата и од фотоапаратот никогаш нема да се  откажам. Убавините кои ги гледам кога се искачувам на највисоките врвови, морам да ги забележам“, често знаеше да каже Зоран.

Зоран Мајсторски, беше  истакнат македонски алпинист. Од 1993 година, почнува со алпинизмот. Во долгогодишниот алпинистички стаж, Мајсторски се има искачено на многу познати и опасни европски врвови, а посебен предизвик му биле тие на Алпите. Бил на Мон Блан, Матерхорн и на други врвови. Последното негово искачување беше токму на Мон Блан пред два месеци.

 Во последната деценија во повеќе наврати е добитник на годишната награда за алпинизам „Јован Ангелов Циго“ на Македонската алпинистичка федерација. Во 2006 година го формира Алпинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш, во кој беше и претседател, инструктор по алпинизам и главен тренер. Клубот лани го доби Шестоноемвриското признание на Радовиш, а лично Зоран тоа признание го има добиено во 2012 година.

Во алпинизмот полека и со љубов ги воведе и неговите двајца синови Александар и Матеј, а посебно активен е помалиот Матеј (12), кој веќе има повеќе признанија на државно ниво во неговата возрасна категорија.

Радовишкиот алпинистички клуб „Плоча“ го има атрактивниот алпинистички локалитет Плоча, кој е покрај патот Радовиш – Штип кај месноста Пилав Тепе каде Зоран често се искачуваше заеднос со своето семејство, неговата сопруга Данче и неговите синови. РТВ Кобра искрено сочувствува и жали за загубата на еден голем професионалец. Почивај во мир Zoran Majstorski. Ќе те паметиме како голем професионалец и голем човек.

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе