Connect with us

Македонија

Колку паушал земаат општинските советници

Media Press

Published

on

Според анализата на opendata.mk, висината на општинските советници ја чинат државата околу 3,5 милиони евра годишно. Годишните трошоци за исплата на надоместоците на советниците на локалната самоуправа во земјава изнесуваат над 215 милиони денари, односно над 3,5 милиони евра.

Овие податоци се од анализата за 2019 година, од добиениените податоци од општините, за висината на месечните надоместоци на советниците и бројот на одржани седници. Вкупниот број на советници во сите 80 општини и Градот Скопје достигнува 1.319.

На ниво на државата, најголеми годишни трошоци за советниците од 214 илјади евра одделува Градот Скопје. Следува Куманово со одделени околу 115 илјади евра месечни надоместоци. Понатаму во табелата се наоѓаат Тетово, Битола и Гостивар со годишни трошоци од околу 104 илјади евра од локалната самоуправа. Последни на листата со најниски трошоци за граѓаните се општините Новаци и Конче со по 16 илјади евра, Зрновци со околу 14 илјади евра и Вевчани со близу 9 илјади евра годишни трошоци за советниците.

Општина Радовиш за своите 20 советници годишно одделува околу 3.5 милиони денари или околу 58000 евра од локалната самоуправа. Членовите на советот на општината земаат паушал од околу 14.500 денари додека претседателот на советот добива околу 20.000 денари.

Најмногубрен совет од регионот има Општина Струмица каде брои 23 членови воедно и тие имаат највисоки паушали од околу 17.000 денари и претседател на советот со околу 22.000 денари паушал на месечно ниво.

Најниски паушали од регионот има Општина Конче, каде советниците земаат по околу 9000 денари, а претседателот околу 11.500 денари паушал.

Македонија

Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер

Media Press

Published

on

Во директен разговор меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ договорено е Србија да и даде на нашата земја 8.000 вакцини од производителот Фајзер.

Министрите за здравство на двете земји Венко Филипче и Златибор Лочнар во наредните денови ќе ги договорат деталите околу постапката за испорака на вакцините.
Симбол на оваа здравствена криза е солидарноста, Министерството за здравство изразува благодарност до Република Србија и српскиот народ за овој пријателски чин.

Процесот на директна набавка со истиот производител е во финална фаза. Согласно договорената динамика, во февруари преку Фајзер ќе пристигнат 5.850 дози од вакцината, а по 17.500 дози во март и април.

Во месец февруари се очекуваат и вакцините преку КОВАКС механизмот, за коишто е направена уплата и обезбедена гаранција. Вкупната количина на вакцина преку овој механизам за нашата држава изнесува 833.000 дози.

Continue Reading

Македонија

Третирани 661 пациент со конвалесцентна плазма

Media Press

Published

on

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со КОВИД-19, од вкупно 729 донори.

Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент. Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот.

„Да им помогнеме на лицата кои се борат со коронавирусот, да донираме конвалесцентна крвна плазма, апелираат од Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале КОВИД-19. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со КОВИД-19.“ – апелираат од Институтот за трансфузиона медицина

Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од КОВИД-19 и да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.

Continue Reading

Македонија

Ново зголемување на цените на нафтените деривати

Media Press

Published

on

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,53 % во однос на Одлуката од 11.1.2021 година.

Ова зголемување се должи на зголемувањето на сите референтни цени на светските берзи за изминатата недела и тоа: бензинот се зголемува за 5,708%, дизелот за 4,285%, екстра лесното масло 4,792 % и мазутот 4,588%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,845%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.01.2021 година. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,172 ден/кг и ќе изнесува 30,823 ден/кг.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9562,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9863,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)53,50 (денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)53,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС29,651 (денари/килограм)

Continue Reading